ФОРЦА - Спортски центар

Switch to desktop



АБЦ ТЕНИСКИ КЛУБ

abc-logo

АБЦ тениски клуб има 4 тениски терени и реновиран и модерно уреден кафе бар со летна тераса во срцето на градскиот парк.

Во затворениот дел на кафе барот може да се одржуваат семинари, бизнис обуки и тренинзи, деловни состаноци, презентации и промоции. АБЦ е одлично место за пауза и појадок во работните саати и попладневно кафе во релаксирана атмосфера надвор од градскиот метеж. Во зима, АБЦ е топло и удобно место со камин и пријатна домашна атмосфера, а во лето е најсвежото место во градот поради местоположбата и сенките од градскиот парк кои го покриваат клубот.

Тениските терени се одлично место за рекреација во летните денови и релаксација во кафе барот со свежо цедени сокови и здрава храната која се служи во АБЦ.

Во АБЦ се наоѓа и игротека каде што се организираат детски родендени, различни прослави, крштевки и мекици.

Прослава на детски родендени во АБЦ тениски клуб! Игротека и кафе бар во срцето на градскиот парк! Прославете го роденденот на големата летна тераса под магичните сенки на дрвата. АБЦ кафе бар – 30 63 622

www.fb.com/ABCCafeBar

Copyright by Forza 2011. All rights reserved. Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version