ФОРЦА - Спортски центар

Switch to desktop



Кaфе бар ФОРЦА

cafe-bar-forza 

КАФЕ БАР Форца е одлично место за релаксација, а угостителските услуги варираат и се адаптираат во зависност од потребите нагостите за одржување на различни настани (детски родендени, приватни и корпоративни забави). Во кафе бар Форца редовно се следат големите спортски натпревари на видео бим, проследени со навивачка атмосфера. Исто така Форца е одлично место за вечерни излегувања со редовен настап на Џон Антонио, уредникот на Club FM радио во Скопје.

Дополнително, во текот на денот кафе барот е одлично место за појадок и деловни состаноци во текот на денот. Кафе барот располага со 200 места за седење на летната тераса, 100 места во Lounge барот, адаптивна сцена за настап на бендови, камин во текот на зимата и фотана во текот на летниот период.

Во Форца се наоѓа отворена ИГРОТЕКА за деца со негувателки во текот на летниот период со балон за скокање, лулашки, топки и содржини за помали деца. Од 2010 во Форца е отворен и тапас бар каде се подготвува лесна храна (тапаси, канапеи, сендвичи и тостови) за гостите на кафе барот и за забавите кои се одржуваат во Форца.

Кафе барот располага со:

  • Летна тераса
  • Lounge bar
  • Healthy Corner
  • Игротека

Има капацитет од 250 седишта во лето 100 седишта во зима

Внатрешниот дел од кафе барот има адаптивна сцена која е фонтана во летниот период, камин во зимскиот период

Copyright by Forza 2011. All rights reserved. Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version